Отворен откупно-дистрибутивен центар во Струмица

Хрватската компанија „Агрокор“ денеска во Струмица го отвори откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук . Претседателот на управата на компнаијата Ивица Тодоровиќ изјави дека оваа инвестиција е во вредност од 20 милиони евра. Toj додаде дека компнаијата планира да отвори слични центри и во другите региони низ државата и дека со тоа треба да се искористат капацитетите во Македонија и да се зголеми конкурентноста на производствотпо. Н аотварање Премиерот Никола Груевски изјави дека очекува оваа инвестиција во иднина да донесе сигурен откуп ,пласман, поголеми приходи и поголема конкурентност.