Јеменската војска по грешка си уби 30 војници

Јеменски владин воен авион по грешка бомбардирал воен пункт при што загинале над 30 војници, јавуваат новинските агенции. Анонимни воени извори изјавиле дека нападот е извршен во јужниот дел од земјата каде што се водат битки со милитантите. Војниците биле стационирани во напуштено училиште во близина на градот Зинјибар каде што се очкувало да има членови на Ал Каеда. Владата негира дека се случил таков инцидент.