Црвен Крст: Ситуацијата во Сирт е очајна

Меѓународната организација Црвен Крст соопшти дека ситуацијата во либискиот град Сирт е очајна. Во соопштението се наведува дека жителите се фатени во вкрстен оган меѓу војниците на новата либиска власт и поддржувачите на Моамер Гадафи за контрола врз градот. Потпарол на Црвениот Крст изјави дека болниците во градот наскоро ќе останат без клучни медициски резерви и дека повредените од бомбардирањето и битките не можат да стигнат до болниците. Тој додаде дека војниците на Неционалниот преоден совет извршиле голем напад врз градот веднаш по пристигнувањето на тимот на Црвениот крст во градот.