Српски тенисер доби доживотна забрана да се натпреварува

Српскиот тенисер Давид Савиќ денеска доби доживотна забрана за учество во тениски натпревари поради обид за местење натпревар. Во соопштението од тениската организација е наведено дека 26 годишниот тенисер претходно бил казнет со 100 илјади долари откако било утврдено дека ги прекршува маѓународните спортски антикорупциски правила. Савиќ е втор тенисер кој добива таква забрана, претходно во мај австрискиот тенисер Даниел Коелерер беше исклучен доживотно поради обид за местење натпревар.