Бугарскиот совет за безбедност на вонредна седниза по немирите

Бугарскиот национален совет за безбедност денеска ќе заседава по повод растечките етнички тензии во земјата по немирите. Во соопштението од кабинетот на бугарскиот претседател е наведено дека Советот планира да усвои итни мерки за кои ќе гарантираат ред и безбедност во земјата како и спречување на нови судири.
Бранот на немирите во земјата почна пред една недела кога 19 годишно момче загина во сообраќајна несреќа за која е обвинет ромскиот лидер Кирил Рашков познат како Цар Киро.