ЕУ: да се ослободат политичките затвореници во Белорусија

Лидерите на ЕУ денеска побараа политичките затвореници во Белорусија веднаш да бидат ослободени и рехабилитирани. Ова се вели во заедничката изјава на самитот на Европската Унија и Источното партнерство во Варшава во која се искажува длабока загриженост за кршењето на човековите права, демократијата и владеењето на правото во Белорусија.
Претходно денеска Белорусија го откажа учеството на самитот затоа што организаторите не го поканиле претседателот Лукашенко. Инаку, во Источното партнерство на ЕУ се вклучени Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.