Тензии пред "Парадата на гордоста" в недела во Белград

Српските власти размислуваат да ја забранат Геј Парадата, закажана за в недела во Белград, како и сите други јавни собири во престојниот викенд, со цел да не се повторат ланските насилства за време на Парадата на гордоста. Хомосексуалци и активисти за човекови права најавија дека в недела ќе дефилираат низ Белград, но ултра-националистички групи исто така најавуваат контра-собири. Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека геј парадата е со голем ризик за безбедноста и дека можеби е подобро да се забрани отколку да има крвопролевање. Тој додаде дека за обезбедување на редот и мирот во Белград во недела ќе бидат потребни околу 5 илјади полицајци.