Медведев смета дека рускиот народ ќе решава за иднината на земјата

Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека исходот на руските избори не се прејудицира со неговата одлука да се повлече во интерес на Владимир Путин. Во снимено интервју, што ќе биде објавено во Русија вечер, Медведев истакнува дека од рускиот народ зависи која политичка опција ќе ја подржи.