ЕУ ja „затвори вратата“ за Лукашенко

Полскиот премиер Радослав Сикорски се среќава со белоруската опозиција за време на Самитот на Источното партнерство во Варшава.

Лидерите на ЕУ ja „затворија вратата“ за понатамошни контакти со белорускиот лидер Александар Лукашенко. На самитот на Источното партнерство што се одржува во Полска, премиерот Доналд Туск изјави дека нема да контактираат со белорускиот режим се додека не се ослободат сите политички затвореници. Тој додаде дека нема да се прават остапки за Белорусија.

На Самитот во Полска, се разговараше и за состојбите во Украина. Туск, по средбата со претседателот на Украина, Виктор Јанукович, изјави дека „односите меѓу власта и опозицијата и демократските стандарди ќе влијаат на процесот на интеграција“. Забелешките главно се однесуваат на судењето на поранешната премиерка Јулија Тимошенко.

Полска која е земја преседавач со ЕУ, е домаќин на дводневниот Самит на лидерите на 27 земји од ЕУ и на шест поранешни советски држави од Источна Европа – Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Молдавија, Грузија и Украина.

Лукашенко требаше да присуствува на Самитот, но има забрана за влез во ЕУ, поради акциите што ги презема против политичките противници. Самитот има за цел приближување на ЕУ со поранешните советски републики.