Бан Ки-Мун задоволен - Жените ќе гласаат во Саудиска Арабија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, изјави дека одлуката на Саудиска Арабија да им дозволи на жените да гласаат на следните избори е „важен чекор“. Одлуката на Кралот Абдула е оцената како одговор на промените што се случуваат на Блискиот Исток, но според аналитичарите, тој чекор нема да промени многу во работата на монархијата затоа што локалните власти имаат малку ингеренции, а само половина од општинските советници се бираат преку локални избори. Жените ќе добијат право на глас од следните избори кои треба да се оддржат во 2015 година.