Ал Каеда ги финансира бунтовниците од Кавказот

Водачот на чеченските исламистички бунтовници, Доку Умаров.

Терористичката мрежа Ал Каеда обезбедува засилена подршка, вклучувајќи и финансиска, за исламистичките бунтовници во Северен Кавказ во Русија, наведува Центарот за стратешки и меѓународни студии од Вашингтон. Целта на бунтовниците е да создадат Кавкаски Емират што ќе се протега од Црното Море до Каспиското Езеро. Според рускиот претседател, Дмитри Медведев, исламистичките бунтовници од Кавказот се најголема закана за безбедноста на Русија.