Папандреу: Грција ќе преземе ригорозни мерки за штедење

Протести во Атина

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска изјави дека Грција ќе продолжи да ги исполнува одлуките на лидерите од еврозоната од 21 јули за радикални реформи во замена за нова кредитна програма.
Условот за испраќање на оваа финансиска помош е Атина да изврши радикални реформи, вклучувајќија го и приватизирањето на државната сопственост за 50 милијарди евра до 2015 година и евентуално да намали 30.000 работни места во државната администрација за една година.
Во меѓувреме грчкото министерство за финасии соопшти дека разговорите со претставниците на Европската Унија, ММФ и Евроспката централна банка се водат во позитивна атмосфера по мерките што ги презема владата.
Претходно околу 200 вработени во грчкото Министерство за финансии денеска го окупирале влезот пред зградата во Атина, за да ги спречат претставниците на меѓународните кредитори да влезат во неа.Блокади имало и на влезовите на министерствата за надворешни работи, правда, труд, здравство и земјоделство.