Инцидент во бугарска телевизија

Протести против Ромите во Бугарија

Лидерот на бугарската парламентарна националистичка партија Волен Сидеров денеска упаднал во студиото на телевизијата БТВ и предизвика инцидент, по што учесниците во дебатата ја напуштиле емисијата. Емисијата била посветена на повеќедневните немири во Бугарија по случувањата во пловдиското село Катуница, каде настрадаа двајца локални жители. Стотици луѓе се уaпсени во неколкудневните протести кои избувнаа по загинувањето на деветнаесетгодишниот Ангел Петров, минатиот петок во близина на Пловдив. За смртта на Петров, кој загина во сообраќајна несреќа, Бугарите го обвинуваат лидерот на ромскиот мафијашки клан, познат како Цар Киро. Сидеров обвини дека телевизијата кани гости кои се виновни за немирите и најави в сабота големи протести.