Саудискиот крал ја укинал казната против жената возач

Саудискиот крал Абдула

Саудискиот крал Абдула ја укинал судската одлука со која една саудиска жена требаше да биде казнета со десет удари со камшик затоа што го прекршила законот за забрана на жените да управуваат автомобил во таа земја. За ваквата одлука, како што наведуваат агенциите, се дознало од твит пораката на сопругата на принцот Авалед бин Талал. Судот во Џеда деновиве ја прогласи за виновна Шаима Џастаина, бидејќи во јули годинава возела автомобил. Казната беше објавена веднаш откако кралот Абдула соопшти дека на жените ќе им биде дозволено да учествуваат на општинските избори во 2015 година. Саудиска Арабија е единствената земја во светот каде што на жените, без оглед дали се саудиjки или од странство, им се збранува да управуваат автомобил.