Обама подготвен да је менува политиката спрема Куба

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е подготвен да ја смени својата политика спрема Куба доколку режимот во таа земја покаже дека има намера да му даде слобода на сопствениот народ. Тој оцени дека досега не се забележува вистинска реформска струја на Куба со што би можел да го оправда евентуалното укинување на американското ембарго. Вашингтон во 1962 година забрани трговијата со Куба и патувања во таа земја.