Казахстан со рестриктивен верски закон

Горниот дом на казахстанскиот парламент ги одобри мерките со кои се ограничува регистрирање верски организации. Овој закон пред неколку дена беше одобрен од Долниот дом на парламентот. Поддржувачите на законот, вклучувајќи го и претседателот Нурсултан Назарбаев, велат дека законот ќе придонесе во борбата против верскиот екстремизам.