Нов бомбашки напад во Авганситан

Најмалку тројца луѓе загинале во денешниот бомбашки напад во близина на градот Херат во западниот дел на Авганистан, јавуваат агенциите, додавајќи дека во нападот имало и неколкумина ранети. Вчера во неколку инциденти загинале петмина припадници на НАТО силите. Според најновиот извештај на Обединетите нации, објавен вчера, во Авганистан од почетокот на годинава за 40 насто се зголемил бројот на насилните инциденти.