Германскиот Парламент ќе гласа за помош на фондот за спас на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германскиот Парламент денеска ќе гласа дали да даде дополнителна поддршка на фондот на ЕУ за земјите кои се во финансиска криза. Според извештаиите законодавците ќе дадат 440 милијарди евра, преку купување на обврзници и подигнување на кредит од банките за да им позајмат пари што побрзо на властите кои имаат финансиски проблеми, пред тие да западнат во целосна криза.