Самит на ЕУ и поранешни советски републики во Варшава

Подобрување на односите на ЕУ со поранешните шест советски реупблики од Истокот ќе биде целта на дводневниот самит кој започнува денеска во Варшава, главниот град на Полска, која моментално претседава со Унијата. На самитот ќе учествуваат 27 земји членки заедно со Ерменија, Азербеџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.
Проектот на Унијата за источно партнерство беше лансиран во 2009 година.