ОН го одложуваат донесувањето одлука за палестинското барање

Палестинското барање кое претседателот Махмуд Абас го предаде во Обединетите Нации е испратено на разгледување во комитет составен од 15 земји членки на организацијата. Со овој потег Советот за безбедност го одложува донесувањето на одлуката за приклучување на Палестинците во Обединетите Нации. Комитетот својот прв состанок ќе го оддржи в петок. Ваквиот чекор се должи на меѓународните обиди да се рестартираат мировните преговори меѓу Израелците и Палестинците. САД најави дека ќе стави вето на палестинското барање.