Марњак: Косово напредна во реформите во правниот систем, но треба уште работа

Косово направи значајни чекори напред во областа на владеењето на правото, но останува уште многу да се направи. Ова денеска го оцени шефот на ЕУЛЕКС во Приштина, Гзавие де Марњак. Тој додаде дека Косово применува важен спектар на реформи - од усвојување нов кривичен закон до изградба на модерен систем за управување за борба со корупција.
Де Марњак ја поздрави соработката на ЕУЛЕКС со косовските власти.