Дијалогот меѓу Белград и Приштина е прекинат

Преминот Јариње

Европската Комисија денеска соопшти дека дијалогот во Брисел меѓу Белград и Приштина е прекинат.Во соопштението од кабинетот на европскиот посредник Роберт Купер е наведено дека српската делегација не е подготвена да продолжи дијалогот. Во продолжение е наведено дека ситуацијата на северниот дел на Косово не е дел од дијалогот и дека нема да биде предмет на одвоени преговори со Србија, затао што целта на преговорите е подобрување на животот на граѓаните и создавање услови за европска интеграција.