Кина се приклучи на меѓународната критикa за Израел

Кина изрази жалење за одобрувањето на Израел за изградба на 1100 нови еврејски станови во источен Ерусалим и побара државата да се однесува „претпазливо“. Претходно ЕУ и САД го критикуваа израелскиот план за кој сметаат дека е контрапродуктивен и дека ги поткопува мировните преговори со Палестинците.За Палестинците израелскиот план за изградба на еврејски населби само покажува дека Израел не е подготвен за освежување на мировните преговори.