Марш на Конференцијата на сиромашните во Скопје

Маршот ке заврши пред владата

Првата конференција на сиромашните и социјално исклучени лица организирана од страна на Македонската платформа против сиромаштија, се одржа вчера и завчера во Битола, а централниот настан – мирниот марш на учесниците на конференцијата ќе биде одржан денеска со почеток во 14:30 часот од ул.Вељко Влаховиќ до Владата.
На конференцијата присуствуваа 120 учесници претставници на разни ранливи групи, НВО, од Македонија. Тие усвоија Декларацијата која официјално ќе им биде доставена на претставниците на Владата, како и на сите засегнати страни, институции и авторитети во земјава.
Декларацијата ќе биде основа за следење на исполнувањето на политиките поврзани со социјалната инклузија и справување со сиромаштијата во Македонија.