ЕУ да биде покровител-посредник во спорот за името

Европската Унија би требало да игра улога на покровител-посредник во решавањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција, вели европратеникот и најверојатно иден претседател на Европскиот Парламент Мартин Шулц за Дојче Веле
Во Европскиот парламент прашањето за еврооинтеграциите на Република Македонија и нејзиниот спор со Грција, со исклучок на европратениците кои тие прашања ги следат директно, не се наоѓаат во фокусот на интересот, кој во моментов е насочен кон решавање на должничката криза и спасот на евро зоната, изјави Шулц.