Обраќање на Баросо во Европскиот парламент

Жозе Мануел Баросо

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо денеска ќе се обрати во Европскиот парламент во Стразбур. Говорот доаѓа во период кога Европската Унија се соочува со тешки економски проблеми поради должничката криза на неколку земји, како и страхувањата за стабилноста на еврото, официјална парична единица во 17 од 27-те земји членки на ЕУ. Се очекува Баросо да најави можен нов данок на финансиски трансакции, во обид да се соберат средства за справување со економската криза и да се ублажат потенцијалните ризични трансакции.