Ублажена нацрт резолуција за санкции спрема Сирија

Европските земји се откажаа од повиците за итни санкции против режимот во Сирија, во обид да се добие согласноста на Русија и на Кина за новата резолуција на Советот за безбедност на ОН во врска со сирискиот конфликт. Нацрт резолуцијата предложена од Британија, Франција, Германија и Португалија, а поддржана од САД, содржи закана за санкции доколку режимот на претседателот Башар ал Асад не ги прекине воените операции против цивилите. Новата резолуција, за која во Советот за безбедност ќе се расправа денеска, е предложена по противењето на Русија и на Кина на претходните напори на Европа и на САД за воведување санкции против сирискиот режим.