Израелците со нови провокации за Палестинците

Палестинско знаме во Источен Ерусалим

Изреаел денеска одобри план за изградба на нови 1100 станови во источниот дел на Ерусалим. Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон денеска изјави дека израелскиот план треба да се укине затоа што ги поткопува мировните преговори со Палестинците. Обединетите Нации го критикуваа планот за нови станови во Ерусалим и изразија загриженост. Палетинците го осудија израелскиот потег затоа што според нив ги поткопува можностите за освежување на мировните преговори. Меѓународниот мировен квартет во кој учествуваат САД, ЕУ, ОН, и Русија сметаат дека мировните преговори треба да се рестартираат за еден месец и да се изнајде решение за една година.