Адмирал Ставридис посета на Анкара

Командантот на НАТО силите во Европа американскиот адмирал Џејмс Ставридис денеска е во посета на Анкара каде со домаќините ќе разговара за одбранбениот систем на Алијансата јавуваат турските медиуми.
Посетата на команадантот на НАТО силите во Европа следи по одлуката на Анкара да прифати делови од радарскиот систем на НАТО, да се инсталираат во една воена база кај Малатија, во југоисточна Турција.