Меркел: Повиците за нови стимулативни мерки се „погрешни“

Германската канцеларка Ангела Меркел пред денешната средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Берлин изјави дека повиците за да се воведат нови стимулативни пакети за зајкнувањето на побарувачката се погрешни и Германија не е во можност тоа да го направи.
Таа додаде дека Германија ќе направи колку што може да и помогне на Грција да ја врати довербата на пазарот
Главна тема на денешната средба ќе биде должничката криза во еврозоната и грчката економија.
Американскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека должничката криза го „плаши светот“ и ги повика водачите на еврозоната побрзо да го решат проблемот. Задутре во геранскиот парламент треба да се гласа за предлогот дали да се зголеми европскиот фонд за финансиска помош.