Средба Папандреу - Меркел во Берлин за кризата во евро-зоната

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска во Берлин ќе има состанок со германскиот канцелар Ангела Меркел. Главна тема е должничката криза во евро-зоната, а пред се, грчката економија и планот на Атина за реформи. Пред состанокот, Папндреу имаше обраќање во германската индустриска федерација, при што ги повика германските бизнисмени да инвестираат во Грција. Германскиот парламент задутре треба да гласа дали да биде зголем европскиот фонд за финансиска помош.