Решение и на граѓанската тужба против Строс-Кан

Поранешниот шеф на ММФ,Доминик Строс-Кан

Адвокатите на поранешниот шеф на ММФ,Доминик Строс-Кан побараа судот во Њујорк да ја реши граѓанска тужба поднесена од собарката која го обвини Строс-Кан за сексуален напад. Неговите адвокати велат дека тој поседува дипломатски имунитет од
граѓански тужби, и покрај тоа што поднесе оставка од функцијата извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд во мај годинава откако беше уапсен за силување.
На почетокот на месецов откако падна кривичната тужба против него, Строс-кан се врати во Франција. Но се уште собарката води граѓанска тужба против него.