САД подготвени за идниот руски претседател

Владимир Путин ги објави плановите повторно да се кандидира за претседател

САД соопштија дека се подготвени да соработуваат со следниот претседател на Русија. Ваквите коментари уследија откако Владимир Путин ги објави плановите повторно да се кандидира за претседател. Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер, изјави дека САД со нетрпение очекуваат да работат со следниот руски претседател, бидејќи веруваат дека тоа е во взаемен
интерес за САД и за Русија, како и за светот.
Тој рече и дека САД ќе продолжат да работат на ресетирање на односите меѓу двете земји.
Претседателот Дмитриј Медведев, кој го презеде управувањето со Кремљ од Путин во 2008 година, објави во саботата дека нема да учествува во трката за претседател на изборите кои треба да се одржат во март 2012.