Од утре затворени граничните премини кон Грција

Протести во Грција

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека поради најавениот штрајк на грчките погранични служби, од утре па во наредните 48 часа повторно ќе бидат под блокада сите гранични премини кон Грција. Според известувањето, блокада ќе биде целосна за сите товарни возила, а пак патнички возила ќе се пропуштаат на секои два до три часа во времетраење од триесетина минути.