Папандреу го повика Ердоган на воздржаност

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска телефонски разговараше со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Папандреу го повика Ердоган на воздржаност во врска со сегашната криза околу истражувањата на резервите на природен гас во источен Медитеран. Во соопштението од грчката влада е наведно дека Папандреу предупредил оти едностраните акции кои создаваат проблеми треба да бидат избегнати.