Медведев побара Кудрин да си поднесе оставка откако го критикуваше

Рускиот преседател Дмитри Медведев денеска му даде рок на министерот за финасии Алексеј Кудрин до крајот на денот да одлучи дали сака да поднесе оставка откако јавно ја критикуваше економската политика на Кремљ. Кудрин кој веќе 11 години е на таа функција, во Вашинтон изјави дека нема да биде министер во новата влада доколку ја предводи Медведев. Руските медиуми ја цитираат изјавата на Медведев која гласи: „ Ако не се согласувате со политиката на претседателот тогаш ви останува една опција- Да понесете оставка.“