Убиен воен јеменски командат

Јеменскиот претседател Али Абдула Салех

Антивладини племенски борци во Јемен упаднале во воена база во близина на главниот град, при што загинал воен командант а 16 војници се заробени, јавуваат новинските агенции. На опозициска интернет страница е објавено дека Генерал Ахмед Абдулах Ал Келеби е убиен при судири меѓу племенските борци и војниците стационирани во базата на Републиканската гарда.Оваа информација се уште не е потврдена од независни извори. Елитната републиканска гарда е под команда на синот на јеменскиот претседател Али Абдула Салех, Ахмед. Во меѓувреме илјадници демонстранти во јемен протестираат против режимот на Салех.