Томе Аџиев и понатаму претседател на Комисијата за лустрација

Собранието не го изгласа предлогот на ДПА Агим Мехмети да стане новиот претседател на комисијата за верификација на факти. Со неговото неизбирање, функцијата претседател на Комисијата и натаму ќе ја врши Томе Аџиев.Предлог одлуката не го доби потребното двотретинско мнозинство. „За“ гласаа 61 пратеник, 25 беа „против“, а еден воздржан.