Венизелос: Грција ќе го намали дефицитот

Грчкиот министер за финансии Евенагелос Венизелос.

Грчкиот министер за финансии Евенагелос Венизелос изјави дека владата е решена да ги спроведе мерките за штедење со цел земјата да го избегне катастрофалното сценарио кое би можело да влијае и врз еврозоната.

„Ќе ги скратиме буџетските трошоци и покрај високата социјална и политичка цена што треба да ја платат Грците“, изјави Венизелос на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка во Вашингтон.

Инспектори на ММФ и на Европската унија оваа недела во Грција ќе оценуваат дали земјата ги исполнила условите за добивање на наредната транша од пакетот за спасување во вредност од 8 милијарди евра.