Можна турско иранска акција против Курдите

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган најави можност од заедничка воена операција со Иран против курдските бунтовници во северн Ирак. Курдите кои се борат за автономија на југоистокот на Турција, имаат свои засолништа во Ирак и во Иран. Тие во изминативе два месеца ги интензивираа нападите, а само вчера, според официјална Анкара, убиле шест, а раниле десетина турски војници. Во судирите меѓу курдските бунтовници и турската војска кои почнаа во 1984 година загинале над 10 илјади луѓе.