Премиерот Груевски и владин тим во Детроит

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, отпатува за Детроит каде ќе се сретне со претставници на американски компании и со нашите иселеници во овој град.Заменик премиeрот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски претходно информираше дека тоа ќе бидат средби со претставници на неколку компании од Детроит, пред се од автомобилската индустрија, на кои ќе се дискутира за можноста за нивно инвестирање во Македонија. Груевски за Детрит отпатува од Њујорк, каде што учествуваше на Генералното Собрание на Обединетите нации.