На Генералното собрание на ОН денеска разговори за барањето на палестинците за своја држава

На Генералното Собрание на Обединетите Нации денеска се очекува да бидат отворени разговори за апликацијата на палестинците за полноправно членство во ОН. Агенциите јавија дека каква било можност на Генералното Собрание да се гласа за ова прашање не се очекува во наредните недели или месеци.Палестинскиот претседател Махмуд Абас минатата недела во седиштето во Њу Јорк формално побара признавање на палесинска држава во ОН. САД кои се сојузник на Изрел веќе се заканија дека ќе се спротивстават со вето на таквата иницијатива.САД нагласија дека подржуваат палестинска држава но дека тоа може да се постигне само преку разговори меѓу палестинците и Израел а не преку гласање во ОН.