Либиските бунтовници го опколија Сирт

Либиските сили на новата привремена влада соопштија дека поставиле блокада околу последното упориште на поддржувачите на Моамер Гадафи, градот Сирт. Силите на Националниот преоден Совет поставиле блокади на патиштата и снајперисти околу Сирт по жестоките битки со поддржувачите во центарот на градот при што загинале 10 тина борци. НАТО соопшти дека извршиле неколку воздушни напади врз воени цели во Сирт.