Итен воен состанок во Пакистан

Шефот на пакистанскиот генерлштаб Асафак Кајани денеска свика итен воен состанок на кој присутвуваат и политичари поради наводите на САД дека пакистанската разузнавачка служба им е вмешана во нападот на американската амбасада во Кабул. Пакистанските власти неколку пати досега ги негираа тврдењата дека разузвачките служби им помогнале на екстремистите од терористичката мрежа Хакани.Претходно денеска премиерот Јусуф Раза Гилани изјави дека американските обвинувања се знак на американскиот „политички неред“ кој е направен во Авганистан.Тој додаде дека сето тоа е дел од ефтина пропаганда.