Светските лидери договорија нова акција за спас од кризата

Шефицата на ММф Кристин Лагард

Светските лидери на состaнокот на Меѓународниот Монетарен фонд во Вашингтон се договорија да преземат колективна и одлучна акција за справување со економската криза во Европа. Светските берзи минатата недела забележаа пад на индексите поради стравувања дека грчката должничка криза може да се прелее и во другите земји членки на еврозоната.
Шефицата на ММф Кристин Лагард изјави дека 17 те земји од еврозоната треба да си го исполнат своето ветување од јули и да стават повеќе пари во фондот за спас од кризата.
Американскиот секретар за финасии Тимоти Гајтнер изјави дека часовникот ги отчукува последните минути за да се одбегне домино-моментот во Европа.
Рускиот министер за финасии Алексеј Кудрин изјави дека спасувањето на Грција ќе биде подобро за сите земји од зоната кои подоцна полесно ќе можат да се справат со слични закани од случувањата во Шпанија и Италија.