Битките во Сирт и денеска продолжуваат

Жестоките битки се уште се водат во градот Сирт меѓу либиските бунтовнички сили и поддржувачите на Моамер Гадафи. Новинските агенции јавуваат дека борбите се преселени во центарот на градот под снајперски и артилериски оган. НАТО соопшти дека во изминатива 24 часа при воздушни напади погодил неколкку воени цели во Сирт. Во соопштението е наведено дека нападите се извршени со цел да се заштитат цивилите од Гадафи во внатрешноста на градот. Во меѓувреме портпаролот на Гадафи го обвини НАТО дека по нападите оставил стотици цивилни жртви во Сирт.