Попоски и Груевски на средба со Бан Ки Мун

Премиерот Груевски на средба со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Премиерот Никола Груески и министерот за надворешни работи Никола Попоски синоќа во Њујорк се сретнаа со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, јавува државната новинска агенција МИА.
Министерот Попоски изјавил дека на средбата се разговарало за спорот за името и реформите, односно дека го информирале генералниот секратар на ОН за како што вели, нивната посветеност во процесот кој се одвива под покровителство на ОН и дијалогот кој сакаат дополнително да го интензивираат на сите нивоа, а се однесува на спорот кој нашиот јужен сосед го наметна за уставното име на Македонија.