Груевски на Генерално собрание на ОН

Премиерот Никола Груевски денеска одржа говор на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Груевски изјави дека граѓаните на Македонија не сакаат да се наоѓаат во позиција каде името и идентитетот им е оспорен. Тој побара поддршка за решение на проблемот за како што вели „ да се заврши ова, да бидеме она што сме, без да повредиме некого , со почит кон соседот со кого го имаме овој спор и разбирање за неговите стравови, ние немаме никакви претензии, или намери да го монополизираме терминот Македонија“