Белгиските политичари на чекор кон формирање влада

Протести во Белгија на кои демонстрантите бараат политичарите да формираат влада

Белгиските политички партии по 15 месеци од изборите го направија првиот чекор кон формирање Влада. По синоќешните разговори 8 те партии се договориле за реформите кои претходно беа причина за паѓање на минатата влада.
Белгија веќе 15 месеци фунционира без влада откако парламентарците имаа несогласувања околу финансирањето на регионите од француското и холандското говорно подрачје и за двојачиниот град Брисел.
Партиите денеска соопштија дека нашле заеднички јазик за реформите.