Медведев: следниот Претседател на Русија - Путин

Рускиот Претседател Дмитриј Медведев изјави дека следниот Претседател на Русија треба да биде Владимир Путин.
Медведев ова го изјави на вториот ден на Конгресот на владеачката партија Обединета Русија во Москва.
Претходно Премиерот Путин изјави дека Медведев треба да ја води листата на Обединета Русија на декемвриските парламентарни избори. Путин на Конгресот изјави и дека тој и Медведев одамна се договориле за нивните идни улуги во Русија.